Струга ТЛ дојде до значајна победа од 1-0 против Ренова во последниот натпревар од есенскиот дел од Првата македонска фудбалска лига.
На дуелот во Струга, кој мина главно во израмнета игра, домашните ја искористија бројчаната предност на теренот, откако Ренова од 64. минута играше и со фудбалер помалку по оправданиот директен црвен картон на Медин Бајрами.
Сето тоа беше искористено во 92. минута кога Дејан Цветаноски, кој во игра влезе во 84. минута постигна погодок за три бода на домашните.