Македонскиот шампион Струга Трим Лум триумфираше со 2-1 против ерменски Пјуник во првиот меч од второто коло од Конференциската лига на УЕФА.

Струга до водство стигна после пенал во осмата минута кога Ибраими ја затресе мрежата на гостите за водство од 1-0, но ерменската екипа потоа преку Вилела исто така од пенал израмни на 1-1.

Мечот започна со динамична игра од двете екипи, Струга се обиде бргу да нападне и да го загрози гостинскиот гол, па тоа ѝ успеа уште во седмата минута, кога Нигериецот Кехинде се избори за удар од единаесет метри, кој потоа прецизно го реализираше искусниот Бесарт Ибраими.

 

Мрежите мируваа сè до 73. минута кога Стефан Спировски постигна прекрасен гол за победа од 2-1 на македонскиот првак.

Репрезентативецот, Стефан Спировски, упати силен и луциден удар од 25 метри, на кој гостинскиот голман немаше одговор.

 

Реваншот меѓу Струга и Пјуник се игра следниот вторник.