Рајо Ваљекано загуби по седум натпревари без пораз во Примера. Екипата на Столе Димитриевски на свој терен беше поразена од Бетис со 2-1.
Македонскиот голман, Столе Димитриевски стандардно беше на голот на Рајо Ваљекано кој по долго време ја почувствува горчината на поразот.
Резултатот беше отворен уште во седмата минута со несреќен автогол на Баљиу, кога Бетис поведе со 1-0.
Во 20. минута Рајо Ваљекано дојде до израмнување, Камељо начека една одбиена топка од голманот на Бетис и ја смести во неговата мрежа.
На пет минути пред крајот на првиот дел, Луис Енрике даде гол и го врати водството на Бетис од 2-1, што беше и конечен резултат.
Во вториот дел Рајо постигна гол, но беше поништен со ВАР поради офсајд.