Ливерпул го освои трофејот во „Комјунити Шилд“, откако го совлада големиот ривал Манчестер Сити со 3-1 во првата пресметка од новата сезона. Тоа е еден вид „одмазда“ за минатата сезона во која Сити за еден бод ја освои титулата во Премиер – лигата.

Трент Александер Арнолд беше стрелец на водечкиот погодок во 21.минута. Сепак, „граѓаните“ успеаја да израмнат преку новото засилување Хулијан Алварез во 70.минута.

Ливерпул повеќе ја посакуваше победата и стигна до ново водство со голот од пенал на Мохамед Салах во 83.минута, а Дарвин Нуњез стави точка на триумфот во судиското продолжение од мечот.