Тами Абрахам беше стрелец на првите два гола за „римската волчица“ во 33-тата и 42-та минута од пенал. Со овие два погодока тој дојде до бројката 17 оваа сезона и стана најефикасниот Англичанец во Серија А во една натпреварувачка година. Точка на победата на тимот од Рим стави Лоренцо Пелегрини од пенал во 78-та минута.
Со оваа победа тимот на Жозе Мурињо и официјално обезбеди пласман во групната фаза во Лигата на Европа следната сезона.