По подолго време македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра цел натпревар за тимот од Валенсија, но на спротивната страна овој пат го немаше голманот Столе Димитриевски, кој му го отстапи местото помеѓу стативите на Лука Зидан.
Алваро Гарсија го израдува „Валјекас“ за 1-0 во 18.минута. Потоа Леванте се разигра и постигна три погодоци до крајот на првото полувреме. Прво погоди Гонзало Мелеро за 1-1 во 26.минута. Гостите постигнаа два гола за две минути во самиот финиш на првиот дел, а прво реализираше Роџер Марти. Мелеро со својот втор гол зголеми на 1-3 на асистенција на Барди.
По еден час игра нашиот репрезентативец направи пенал, што за Рајо го релаизираше Серхио Гвардиола. Точка на победата на идниот второлигаш стави Коке во 76.минута.
На вториот вечерашен натпревар освојувачот на Купот Бетис и шампионот Реал Мадрид одиграа „пријателски“ натпревар без голови.