Роберт Левандовски речиси сигурно го напушта Баерн Минхен, но сега се појавија проблеми со уште една легенда на клубот, капитенот и незаменлив меѓу стативите, Мануел Нојер.

Како што пренесува германскиот „Кикер“, Нојер одбил да го продолжи договорот со германскиот шампион кој истекува во летото 2023 година, бидејќи не е задоволен од должината на понуденената соработка.

На 36-годишниот голман му било понудено да ја продолжи соработката за уште една година, до 2024 година, но искусниот голман сака да остане член на тимот од „Алианц Арена“ и во следните три години. Сепак, Баерн смета дека квалитетот на Нојер наскоро би можел да опадне и не се подготвени за долгорочна соработка.

Нојер со Баерн Минхен освои дури 27 трофеи, двоен победник е во Лигата на шампионите и освојувач на СП 2014 во Бразил, но во Германија нема сентименталност, па судбината на Левандовски лесно може да му се случи на искусниот голман.