Организацијата на Вимблдон излезе со соопштение во врска со одлуката на АТП и ВТА да му ги одземат бодовите на Вимблдон.
Во соопштението се наведува дека организаторите на турнирот се разочарани од одлуките кои ги донеле овие две тениски здруженија.
Исто така, организаторите на турнирот уште еднаш потврдија дека сеуште стојат на одлуката да не дозволат учество на руски и белоруски тенисери на овој Грен слем.
“Сакаме да го изразиме нашето разочарување од одлуките донесени од АТП и ВТА, кои се рефлектираат во одземањето на освоените бодови од Вимблдон. Сметаме дека овие одлуки се непропорционални во овој контекст и дека им штетат на сите играчи на турнејата”, се вели во соопштението на Вимблдон.
Вимблдон и понатаму останува на својата одлука.
„Заземајќи ја позицијата на Владата на Обединетото Кралство, со цел да се ограничи руското влијание, ние остануваме на нашата првична одлука“, се вели во соопштението.
Од организацијата сметаат дека успесите постигнати на овој турнир би биле злоупотребени.
„Не сакаме да прифатиме успехот на Вимблдон да се искористи за допринос на руската пропагандна машина, која е длабоко контролирана од руската држава и која има историја на злоупотреба на спортскиот успех за да направи триумфален наратив и да му го претстави на рускиот народ , се вели во соопштението.
https://twitter.com/BenRothenberg/status/1527733458608476163?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1527733458608476163%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D05dd%3D20nav_id%3D2157901