Фантастичен пресврт во четвртфиналето на ВТА турнирот во Рим направи Онс Џабеур, тенисерка од Тунис, која по три сета ја совлада Грчката тенисерка Марија Сакари.
Сакари имаше 6:1, 5:2 и сигурен пат до полуфиналето, но потоа започна големиот пресврт. Џабеур освои дури осум гема по ред и израмни на 1:1 во сетови, но и во третиот сет поведе со 3:0.
Тоа беше крај за Сакари, а Џабеур продолжи со одличната игра , бидејќи да потсетиме минатата недела го постигна најголемиот успех во кариерата со освојувањето на турнирот во Мадрид.
Во полуфиналето Џабеур ја чека Дарија Касткина , додека во второто полуфинале ќе играат Свјатек и Сабаленка. Првата светска тенисерка има уште подолга серија од Џабеур, победата на Ига Свјатек против Канаѓанката Андрееску од 7:6 (2), 6:0 ја доведе до нејзината 26-та последователна победа на ВТА турнирите.
ВТА Рим, четвртфинале:
Арина Сабаленка (3) – Аманда Анисимова (САД) 4: 6, 6: 3, 6: 2
Ига Свијатек (Полска / 1) – Бјанка Андрееску (Кан) 7: 6 (2), 6: 0
Онс Џабеур (Тун / 9) – Марија Сакари (Гр / 4) 1: 6, 7: 5, 6: 1
Дарија Касаткина – Џил Тејхман (Швајцарија) 6:4 3:2 предадена