Македонската тениска репрезентација почна со победа во Третата Европска Зона против Малта (2-1). Нашата двојка Калин Ивановски и Берк Бугариќ триумфира со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-4 против Алекс Дегабриел и Лиан Деликата.
Првиот сет беше израмнет до осмиот гем (4-4), по што се водеше голема битка на теренот меѓу тенисерите, а на крајот поуспешни беа Ивановски и Бугариќ, па во следниот гем сервираа за 6-4.
Ивановски и Бугариќ го направија првиот брејк во седмиот гем на вториот сет (4-3), по што спасуваа две брејк-топки и успешно стигнаа до 5-3, а потоа без мака го добија сетот со 6-4.
На првиот меч денеска Дегабриеле го совлада Обрад Марковски со 2-1 во сетови, а потоа Ивановски израмни на 1-1, откако беше подобар со 2-0 против Деликата.
Следниот противник на Македонија ќе биде познат по завршување на средбата меѓу Кипар и Молдавија.