Шпанскиот гигант Реал Мадрид денес го потврди доаѓањето на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд. Англискиот репрезентативец доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“ за трансфер вреден преку 100 милиони евра. Белингам потпиша шестогдишен договор, а ќе заработува 11 милиони евра по сезона.
Со доаѓањето на Белингам Реал заврши голема работа, но мисијата за доведување на нови фудбалери уште не е готова. Според најавите, до крајот на летниот преоден рок, кралевите ќе направат само уште еден трансфер.
Се очекува да биде комплетиран трансферот на Хозе Луис Мато, попознат како Хоселу. Тоа е напаѓачот од тимот на Еспањол и е шпански репрезентативец. Хоселу е искусен 33-годишен напаѓач кој во сезоната која што измина беше трет стрелец во лигата веднаш зад Роберт Левандовски и Карим Бензема. Јоселу заврши со 16 голови, само два помалку од тоа што постигна Бензема, па во Реал очекуваат тој да биде достојна замена за Французинот.
Доколку Хоселу дојде во Мадрид, тоа ќе биде крај на шпекулациите дека Реал летово може да купи една суперѕвезда Килијан Мбапе или Хари Кејн.
Освен Џад Белингам, Реал летово ги доведе Фран Гарсија од Рајо Вајекано и Брахим Дијаз од Милан.