Фудбалерите на Лајпциг далеку полесно од очекувањата дојдоа до трите бода во пресметката со одличниот сезонавца Келн (3-1) и се искачија на четвртата позиција на табелата, кое обезбедува место во Лигата на шампионите следната сезона.

Нкунку во 25. минута го најави триумфот на „биковите“, кој, пак, беше потврден со погодоците на Олмо во 54. и Анхелино во 57. минута по асистенција на Шпанецот. Гостите единствено што направија беше намалувањето на резултатот пред самиот крај на средбата преку Лемперле.