Аргентина оствари победа во пријателски натпревар против Австралија кој се одигра во Кина, а на Лео Меси му требаа само 80 секунди за да постигне прекрасен гол.

Натпреварот против Австралија  се одиграво Пекинг, а актуелниот светски шампион триумфираше со 2-0.

Главната ѕвезда на гаучосите, Лионел Меси по само 80 секунди постигна прекрасен гол за водство од 1-0. Тоа беше негов најбрз погодок во неговата фудбалска кариера.

Тој го одигра целиот натпревар.

Конечните 2-0 ги постави Пецела во 68. минута од натпреварот.

Аргентина на 19 јуни ќе одигра уште еден пријателски натпревар, овојпат против Индонезија.

https://twitter.com/brfootball/status/1669317834357329920?s=20