Италијанскиот првак Наполи имaше одличен старт под раководство на новиот тренер Валтер Мацари. „Наполитанците“ славеа со 1-2 на гости во Бергамо против Аталанта, а стрелец на победничкиот гол беше Елиф Елмас во 79.минута од натпреварот.
https://twitter.com/i/status/1728487187875078273
Осимен и Елмас ја искористија грешката во одбраната на Аталанта, Нигериецот асистираше, а македонскиот ас ја затресе мрежата.
Грузиецот Кварацкелија во 44.минута донесе водство за Наполи, а израмни Лукман во 53.минута.
Наполи по 13 одиграни кола се наоѓа на третата позиција со 24 бодови, односно седум помалку од лидерот Интер.