Кандрева испрати проектил за пресврт и ја донесе првата победа за екипата на Салернитана. Ветеранот Антонио Кандрева донесе голема радост за фановите на Салернитана, екипата која во дуелот со Лацио (2:1) дојде до прв триумф оваа сезона во Серија А.

Гостите поведоа со голот од пенал на Имобиле во финишот на првиот дел, но тоа не ги откажа избраниците на Пипо Инѕаги.
Кастањос во 55. минута израмни, а дванаесет минути подоцна Кандрева испрати силен удар по средината на голот на Лацио и го изненади Проведел, носејќи целосен пресврт за домаќините.

Салернитана конечно дојде до првата победа во 13. коло, но засега останува на дното на табелата, додека Лацио привремено е на десеттото место.