Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски и официјално е нов член на турскиот гигант Фенербахче. Тој ги мина лекарските прегледи и потпиша договор, а потоа беше претставен како огромно засилување за тимот на Жорге Жесус.
Алиоски доаѓа на позајмица од Ал-Ахли, со опција и за продолжување на неговиот престој во Истанбул.