Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген откри дека сите во клубот се надеваат дека Френки де Јонг ќе остане. Фудбалерот го бараат Манчестер Јунајтед и Челзи, а дури се појавија информации дека управата на Барса веќе ја прифатила понудата од Јунајтед и дури го притискаат Холанѓанецот да се согласи на трансфер поради високата плата. Засега, сепак, играчот од средниот ред одбива да си замине, што изгледа ги радува соиграчите.
“Секако дека сите го сакаме најдоброто за тимот. Де Јонг е фудбалер од врвна класа и сакаме тој да остане во клубот. Сепак, тоа не зависи од мене, туку од клупските шефови”, призна Тер Штеген.