Колумбија по 23 години се пласира во финале на Копа Америка, со триумфот од 1-0 против Уругвај по што ќе игра за тронот против Аргентина.

Лерма го постигна единствениот гол на дуелот по асистенција на Хамес Родригез во 39. минута, по што Муњоз доби црвен картон.

Уругвај играше со фудбалер повеќе во второто полувреме, но немаше муниција и не постигна гол за израмнување, па се збогува од турнирот.

Колумбија во финалето ќе се бори против Аргентина, додека за трето место ќе играат Уругвај и Канада.