Тиквеш продолжи со офанзивна игра, напаѓаше и по примениот гол, повторно имаше иницијатива македонскиот претставник, но Бреидаблик од својата втора шанса преку Кристинсон дојде и до втор гол за водство од 2:0 со кое и замина на полувемето.
Вториот дел започна без прилики, Бреидаблик почна да се затвора и да се повлекува, а Тиквеш и тоа како знаеше да го казни со фуриозен финиш. Се започна со голот на Кристијан Стојкоски по асистенцијата на Спахиу во 74. минута. Само шест минути подоцна следуваше мајсторија на Стојанов од слободен удар кој постигна маестрален гол, а веќе во 83. минута Бразилецот Лео Гуера погоди за комплетен пресврт и водство на Тиквеш од 3-2.
Со овие 3:2 сега Тиквеш има солиден резултат пред реваншот на гостински терен за седум дена.