Данскиот фудбалер Кристијан Ерисен игра во одлична форма. Многумина му прогласија крај на кариерата по срцевиот удар на ЕП 2020, но тој се врати посилен од се, продолжи да го прави она кое најмногу го сака и тресе мрежи.
По двата гола за Данска, плејмејкерот погоди и за Брентфорд. Ериксен против славниот Челзи го даде првиот гол по кам-бекот во Премиер лигата. Откако истрча една контра, доби топка во шеснаесетникот, па реализираше без грешка.
Иако сините од Лондон први дојдоа во водство со голот на Рудигер, следеше распад на играта на европскиот шампион и доминација на гостите кои постигнаа дури четири гола.