Дани Олмо стави точка на натпреварот, на кој РБ Лајпциг со 1-4 славеше на теренот на Борусија Дортмунд.
Младиот шпански офанзивец постигна велемајсторски гол во завршницата, со кој ја скрати секоја надеж на домаќинот. Неговиот удар беше неодбранлив за голманот Грегор Кобел.
Од оваа победа на „биковите“ профитира и Баерн Минхен, кој побегна на „плус девет“ во однос на ривалот од Дортмунд.