Бојан Миовски продолжува да игра одлично во дресот на неговиот тим МТК сезонава. Изминатиот викенд го постигна петтиот сезонски погодок во мечот од 11. коло против Дебрецин во кој дојде до поделба на бодовите.

Миовски нормално се најде и во тимот на колото затоа што беше најзаслужен што МТК дојде до важен бод на тешкото гостување.

Македонскиот репрезентативец успешно ја гради својата сега веќе интернационална кариера во Унгарија, а многу бргу може да се случи со оглед на неговата форма и перформански во моментов да го замени сегашниот клуб со некој уште поквалитетен.