Синоќа Златан Ибрахимовиќ ги маѓепса Рим и Италија.
Ибрахимовиќ даде фантастичен гол за Милан во дербито против Рома, изнуди пенал од кој Милан поведе со 2:0, и со овие три бода се изедначи со првопласираниот Наполи.
Дербито од 11. коло од Серија А во Рим, во негативна смисла го одбележаа и навивачите на Рома, кои жестоко го навредуваа Ибрахимовиќ. „Од самиот почетокот му довикуваа на Ибрахимовиќ дека е „Циган“ кога ќе дојдеше во допир со топката.
Ибрахимовиќ во текот на натпреварот им гестикулираше на навивачите на Рома, а сега им испрати силна порака.
„Нека скандираат, ми се допаѓа кога ме навредуваат од трибините. Колку се погласни, толку сум подобар“, рече Ибрахимовиќ.
Милан моментално е на делба на првото место со 31 бод, колку што има и Наполи. Трет е Интер со 24 бодови. Во следното коло не очекува големо градско дерби меѓу Милан и Интер, а тоа ќе биде можност да видиме уште некоја магија на Ибрахимовиќ.