По поразот од Арсенал, екипата на Манчестер Јунајтед стигна до првата победа на подготовките во САД откако славеше против Бетис со 3-2.
„Ѓаволите“ одиграа одлично прво полувреме во кое постигнаа три гола бидејќи по водството на противникот преку Лосада, за пресврт се погрижија Рашфорд, Диало и Касемиро. Љоренте во 61. минута го постави конечниот резултат.
Во рамките на турнејата во САД, Јунајтед има уште еден натпревар, против својот голем ривал Ливерпул на 4 август.