Српскиот бизнисмен Драган Шолак неодамна го купи Саутемптон, а наскоро би можел да купи уште еден на Балканот. Според хрватскиот весник „Спортске новости“, инвестициски фонд предводен од Шолак сака да ја купи Истра 1961 од Пула, која се натпреварува во елитната хрватска дивизија.
Истра моментно го зазема претпоследното деветто место со 21 бод, а Шолак сака да создаде систем сличен на Манчестер Сити кој има свои филијали низ светот.
Србинот веќе е сопственик на трговскиот центар во Пула, на цементарницата во Пула, а во тој град планира да изгради голем хотел, станбено-деловен комплекс, како и атрактивно филмско студио кое би се занимавало со стриминг услуги од Нетфликс.
На местото каде што е запуштен спортскиот центар „Валкане“, Шолак би изградил луксузен хотел со 350 кревети, во зоната каде Истра играше Прва лига пред 25 години и каде има две фудбалски игралишта и десетина тениски игралишта.