Златан Ибрахимовиќ пред две години пристигна во Милан кога клубот беше на најниско ниво, а вчера „росонерите“ после 11 години повторно станаа шампиони на Италија.
Ибрахимовиќ иако играше малку оваа сезона, сепак има големи заслуги за напредокот на тимот, пред се поради победничкиот менталитет кој го донесе.
Колку е значаен Златан за тимот најдобро покажува и неговиот говор во соблекувалната вчера, кој денес Милан го објави на социјалните мрежи.
Ибра на импресивен начин им се обрати на соиграчите, ги потсети дека никој не верувал во нив и само како тим стигнале до Скудетото.
„А сега славете како шампиони, оти Милан не е Милано, Милан е Италија“, заврши на крајот Ибра.