Емполи на свој терен ја победи Сампдорија со 1:0. Во самиот финиш, во судиското продолжение во  97 мин. гостите постигнаа гол за 1:1 преку Коли, но  по реакцијата на ВАР, беше поништен и остана 1:0 за домашните. Емполи ја победи Сампдорија и ја остави при самото дно на табелата. Станковиќ во Џенова пристигна да ја спасува Сампдорија, но поразите продолжија.

Емполи стигна до триумф во 55.минута кога Ебуехи  погоди за победа на Емполи.

Сампдорија ја очекува грчевита борба за опстанок во Серија А.