Кадиз и Елче во дербито на на дното во шпанска Примера одиграа нерешено1-1. Со ваков резултат ниту домаќинот излезе од опасната зона, а Елче не успеа да стигне до прва победа во спасот за опстанок.

Кадиз со седмото реми,  дојде на 16 бода  но блиску е до опасната зона, зашто на само бод им се Еспањол, Хетафе, Селта Виго и Валјадолид. Во седмата минута дојде до водство преку Окампо,  не успеа со втор гол да го реши мечот, па Елче девет минути пред крајот избегна пораз со гол на Понсе и да освои еден бод.

За фенерџијата во Ла Лига ова им беше  петто реми, сѐ уште немаат победа и со 12 бода заостаток од сигурната зона по 17 рунди , и патот им е трасиран за Сегунда.