Бетис со триумфот дојде на три бода од Атлетико Мадрид, а четири од Севилја, но овие два тима имаат меч повеќе од оваа 36-та рунда во шпанската Ла Лига, па два кикса му требаат на Бетис од ривалите до завршницата за да успеат да влезат во најдобрата четворка. Но, спортски е да се надеваат на такво „чудо“, па денеска Серхио Каналес со асистенција и гол ја обезбеди победата, а Борха Инглесијас само ја завери.
Каналес во 57-та минута му асистираше на Вилјам Жозе за водство, три минути пред крајот практично го обезбеди триумфот, а во првата минута од судиското надополнување Инглесијат стави печат на првата победа после кризниот период без тирумф со две ремија и два порази, поради кои безмалку ја загубија трката за ЛШ.
Севилја и Атлетико Мадрид утре ги играат своите мечеви, градскиот ривал на Бетис е домаќин на давеникот Мајорка, додека ланскиот првак му гостува на Елче. До крајот на сезоната Севилја и Атлетико веќе викендов ќе се пресметаат во дерби, а Бетис ја чека Гранада, додека во последното коло Бетис игра со Реал Мадрид, Севилја е домаќин на Атлетик Билбао додека Атлетико Мадрид гостува во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад.