Актуелниот италијански првак Наполи славеше во ефикасен меч на гости кај Монца со 2-4 (1-0), во рамките на 31. коло на италијанската Серија А. Дуелот на „Бриантео“ понуди многу возбудувања и шест голови, а за жал на домашната публика се радуваа гостите.
Екипата на Монца имаше одличен старт на дуелот, поведе со гол на Ѓуриќ уште во деветата минута. Тој резултат беше актуелен и на полувремето.
По десет минути игра во вториот дел следуваше блицкриг на Наполи кој траеше шест минути, за тој период дадоа дури три гола. Осимен, Политано и Зиелински погодија за водство на Наполи од 3-1.
Во 62. минута Коплани даде гол за 3-2, но во 62. минута Распадори постигна гол за конечна победа од 4-2.