Пари Сен Жермен ремизира 1-1 со екипата на Клермон на својот „Парк на принцовите“ во дуелот од 29. коло на Лига 1. Луис Енрике одмори неколку клучни играчи пред дуелот со Барселона во ЛШ, но ова реми нема толку да им наштети на парижаните, кои имаат доволно залиха во борбата за титулата.
Клермон поведе во 32. минута кога погоди Кеита за 0-1. Тоа не беше единствената лоша вест за Луис Енрике, кој поради повреда мораше да го извади Норди Мукиеле, а влезе Ашраф Хакими кој нема право да игра против Барселона в среда поради суспензија.
ПСЖ тргна по израмнување но голманот Ендијаје беше вистинскиот херо. Луис Енрике направи три замени, нападот го засили со Мбапе и Канг-Ин-Ли, додека во одбраната Маркињос го замени неодамна заздравениот Шкрињар. ПСЖ продолжи со офанзивната игра, а тоа вроди со плод дури во 85. минута кога Гонзало Рамос погоди за 1-1.
Погодокот погледнете го ТУКА.
Попладнето без победник и со по еден погодок ремизираа Ленс и Авр (1-1):