По четириесет години, екипата на Атлетик Билбао го освои Купот на Кралот. Во антологиско и драматично финале на „Ла Картуха“ во Севиља, баскискагта гордост го освои трофејот со победа од 4-2 по изведување на пенали, откако натпреварот во 120 минути заврши 1-1.

Играчите на Хавиер Агире поведоа во 21. минута, кога Дани Родригез од отпадок погоди за водство на Мајорка. Баскијците стигнаа до израмнување на почетокот од второто полувреме. Оихан Сансет на прекрасен начин ја погоди мрежата на Мајорка во 50. минута.

Се редеа шанси пред двата гола, но резултатот не се менуваше. Во екстра времето и Муричи и Муниан од слободен удар се заканија, но Агирезабала и Греиф не беа повеќе совладани.

Одлуката ја донесоа казнените удари. Моралес шутираше млако и Агирезабала одбрани, а Србинот Радоњиќ го префрли голот. Така, сите изведувачи на Валверде погодија и титулата од Купот на Кралот патува за Билбао.

За Атлетик Билбао ова е 24. титула во Купот на Шпанија, но прва по 1984 година Во меѓувреме загубија шест финалиња пред да победат овојпат.