Репрезентацијата на македонските фудбалерки до 19 години победија против Литванија со 2-0 во второто коло од квалификацискиот турнир од втората рунда од Б-лигата.
Петкова во 26 минута ја погоди мрежата на Литванија за водство од 1-0, додека истата фудбалерка во 77. минута беше стрелец за триумф од 2-0.
Македонија во првото коло славеше против Молдавија со 4-0, а во последното ќе игра против Велс на 9 април, кога ќе биде решено кој ќе оди ранг погоре.