Барселона со пресврт ја победи на гостувањето Осасуна со 1-2 и сега има пет бода предност на врвот на табелата во Ла Лига во однос на најголемиот ривал Реал Мадрид. Каталонскиот гигант еден час играше со фудбалер помалку откако исклучен беше Роберт Левандовски, имаше и негатива од 1-0, но успеа да се издигне над сите проблеми и да слави со два гола во вториот дел.
Давид Гарсија брзо ја доведе Осасуна во водство, а Левандовски поради два жолти картони беше исклучен во 31.минута. Црвен картон доби и Жерар Пике, но не на теренот, туку откако реагираше кон судијата.
Во вториот дел Педри успеа да израмни во 48.минута, а Рафиња, кој влезе во игра во финишот, погоди за триумф со удар со глава во 85.минута од дуелот.