Неверојатни сцени видени се во 15. коло од прва лига на Црна Гора. Рудар од Пљевља беше домаќин на ОФК Петровац, а гостинскиот тим славеше со гол од пенал во 73-та минута.
Тој пенал предизвика голема караница, дури и тепачка помеѓу фудбалерите на Петровац. Сенегалецот Менди Мамаду сакаше да го изведе пеналот, но останатите негови соиграчи одлучија дека од 11 метри треба да шутира Бразилецот Чагас. Одлуката толку тешко му падна на Менди, така што тој не можеше никако да се смири, а потоа почна турканица со соиграчот.
На крајот судијата ситуацијата ја доведе под контрола, со два жолти картони.