Ливерпул стигна до четвртиот триумф во Премиер – лигата откако на гости со пресврт го совлада Вулверхемптон со 1-3. Сега „црвените“ се на првата позиција на табелата со 13 бода.
Вулверхемптон поведе со голот на Хванг Хи-Чан во седмата минута. Сепак, Ливерпул беше одличен во второто полувреме.
Коди Гакпо израмни во 55.минута, а Енди Робертсон во 85.минута се погрижи за пресврт.
Харви Елиот беше стрелец на третиот гол во судиското продолжение,а Мохамед Салах беше асистент на сите три гола.