Влаховиќ по 10 минути игра ја затресе мрежата на Лацио за водство од 1-0, додека Федерико Кјеза ја зголеми предноста на домаќините во продолжение од првото полуреме.
Луис Алберто за момент ја врати неизвесноста во натпреварот откако погоди во 64. минута за 1-2, но неколку минути подоцна Влаховиќ со втор гол на дуелот ја потврди победата од 3-1.
„Старата дама“ е прва со 10 бодови од четири одиграни меча, по што следат Интер и Милан со по девет бода од три натпревари.