Актуелниот германски шампион Баерн Минхен убедливо со 5-2 го демолира Дармштад во 26. коло од Бундеслигата.
Дармштад постигна гол преку Скаркеза водство во 28. минута, а тоа како да ги налути гостите од Минхен кои до полувреме постигнаа два гола за пресврт и водство преку Мусиала и Кејн (2-1).
Мусиала погоди и во 64. минута од дуелот, а до крајот на натпреварот за Баерн во листата на стрелци се запишаа и Гнабри и младиот Матис Тел, додека Вилхелмсон беше стрелец за Дармштад.
Баерн со оваа победа се доближи на седум бодови до лидерот Баер Леверкузен кој има одиграно еден натпревар помалку.
Унион Берлин го победи Вердер со 2-1, а Аугсбург на гости славеше против Волфсбург со 1-3. Мајнц беше подобар од Бохум со 2-0, а Хајденхајм и Борусија Менхенгладбах ремизираа 1-1.