Реал Мадрид со 4-2 оствари победа на гостувањето кај Осасуна, Винисиус и Валверде беа хероите на кралскиот клуб на овој натпревар.

Винисиус Јуниор му донесе водство на Реал Мадрид уште во четвртата минута од дуелот, но само три минути подоцна Будимир го изедначи резултатот на 1-1.

Во 18. минута по асистенција на Валверде Карвахал постигна гол за водство на Реал Мадрид од 2-1.

За три минути уругваецот Ернесте Валверде направи уште две асистенции, најпрво во 61. минута за Брахим Диаз, а потоа во 64. минута за Винисиус. Реал Мадрид дојде до убедливо водство од 4-1.

Во судиското продоление Муњоз постигна гол за Осасуна за конечен резултат од 4-2.

 

Пред последниот свиреж на судијата Арда Ѓулар можеше да постигне спектакуларен гол, но неговиот шут од центарот заврши во пречката од голот на Осасуна.