Дресот со број „10“ на Барселона од следната сезона ќе има нов сопственик, објави шпанското Радио Каталуња. Раководството на Барса одлучи да му го даде исконскиот број на талентот Ламин Јамал.

Десетката долги години ја носеше Лионел Меси, а по неговото заминување ја доби Ансу Фати.

Сепак, напаѓачот често отуствуваше поради повреди, а минатото лето беше испратен на позајмица во англискиот Брајтон.

По враќањето од Англија, сепак, ќе мора да избере нов број.

16-годишниот Јамал минатата сезона дебитираше за првиот тим на Барселона, а оваа сезона веќе е еден од главните играчи во составот на Чави Хернандез.