Во пријателски меч за селекции до 17.години, селекцијата на Македонија денеска против Малта, на стадионот “Петар Милошевски“ во Скопје, одигра 1:1. Гостите од Малта поведоа со гол во првото полувреме, додека израмни Дестан Адили во продолжение од средбата.
Селекторот Тони Јакимовски им даде шанса на следните фудбалери: Стојановиќ, Доко, Аризановски, Здравковски, Стоилевски, Марковски, Јаневски, Таири, Џеков, Николоски, Адили, Нухиа. На клупата беа Величковски, Зенделовски, Сулејман, Богданоски, Стојанов, Елмас и Назифи.
Следната контрола со Малта се игра в четврток со почеток во 11 часот.