Германската двојка Франческо Фридрих и Торстен Маргис освои злато во боб двосед на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Фридрих и Маргис до златниот медал стигнаа со резултат 3:56,89 минути.
Нивните сонародници Јоханес Лохнер и Флоријан Бауер го освоија сребрениот медал со 0,49 секунди заостанување.
Доминацијата на Германците ја потврдија Кристоф Хафер и Матијас Самер, кои ја освоија бронзата со време 3:58.58.
Ова е трет олимписки медал за Франческо Фридрих.