Хокеарките на Соединетите Американски Држави се пласираа во полуфиналето на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Тие во првото четвртфинале го победија тимот на Чешка со 4:1.
Актуелните олимписки шампионки до полуфиналето стигнаа со головите на Хилари Најт, Савана Харм, Кендал Кој Скофилд и Ли Стеклин, додека единствениот гол за Чешка го постигна Михаела Паислова.
Во петок се игра уште еден четвртфинален натпревар, а ќе се сретнат Канада и Шведска, а утре на програмата се дуелите Русија – Швајцарија и Финска – Јапонија.