Швеѓанецот Валтер Волберг освои златен медал во скијање во слободен стил на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Тој постигна одличен резултат од 83,23 поени, со што зад себе го остави бранителот на олимпиското злато, Канаѓанецот Микаел Кингсбери кој го освои среброто.

Бронзениот медал му припадна на Икума Хорошима од Јапонија. Победата на Волберг ги изненади сите и стави крај на доминацијата на Канада во овој спорт.

Канаѓаните славеа на последните три олимписки натпреварувања во оваа дисциплина.

Инаку, ова беше прва голема победа за Волберг, кој има 21 година, а интересно е што пред ова злато немаше ниту победа во Светскиот куп.

https://twitter.com/Olympics/status/1489950741989138444?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1489950741989138444%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fzimski%2Fextreme.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D02dd%3D05nav_id%3D2100740