Со убедлив пораз од 3:0 нашите одбојкари го завршија Европското првенство во Тампере. Во последното 5. коло во групата „Ц“, Македонија не можеше да се спротистави на силната Русија, која беше доминантна во сите три сетови.
Првиот сет имаше нешто повеќе неизвесност и се држевме во егал со Русите до 8:8. Потоа на сервис дојде техничарот на Русија, Павел Панков кој нанижа 8 силни сервиси со што дојдовме во негатива за нас веќе недостижна.
Ништо подобро не беше во вториот сет. Тргнаа моќно во вториот сет, имавме лош прием, а Русија сето тоа го користеше за на крајот да го освои сетот со само 13 загубени поени.
За нијанса бевме подобри во последниот сет во кој успеавме да освоиме 18 поени. Никола Ѓорѓиев освои 9 поени за нас, додека кај Русија најдобар поентер беше Клетс со 15 поени.
Овој шампионат го завршивме со 5 порази во кои успеавме да освоиме само два сета. Анализите допрва треба да покажат дали ова е максимумот на овој тим или можело нешто да се корегира.