Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска изјави дека Австралија опен е поважен од кој било играч и дека конкуренцијата во Мелбурн ќе биде голема со или без Новак Ѓоковиќ.
„Искрено, малку сум уморен од оваа ситуација… Сосема е јасно дека Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите играчи во историјата, без сомнение. Но, нема играч кој е поважен од конкуренцијата. Никој Ниту Роџер, Новак или јас, ниту Бјорн Борг кој беше неверојатен во своето време. Играчите доаѓаат и си одат, тенисот продолжува“, изјави Надал.
„Австралија опен е поважен од кој било играч. Ако игра, конечно ќе биде во ред. Ако не игра, Австралија опен ќе биде одличен Австралија опен со или без него. Тоа е мое мислење“, додаде тој. .
Навистина го почитувам, иако не се согласувам со многу работи што ги направи во последните две недели“, изјави 35-годишниот Шпанец.
Првиот тенисер во светот се уште е во ждрепката за одбрана на титулата на Австралија опен, но тој беше вратен во имиграциски притвор откако австралиската влада по вторпат му ја укина визата.
Ѓоковиќ во притвор ќе го чека почетокот на официјалното рочиште кое го закажа за в сабота во 23.30 часот по средноевропско време на кое ќе се одлучува дали може да остане во Австралија.
Во понеделник почнува натпреварувањето за првиот Грен слем турнир во сезоната.