Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа имаше доста проблеми во финалето против Јанина Викмајер и мораше да се предаде во вториот сет, и остана без титулата во Талин, Естонија.
Ѓорческа го загуби првиот сет со 1-6 од 33-годишната тенисерка од Белгија, која поведе со 2-0 и во вториот сет, по што македонската тенисерка го предаде мечот.
Нашата тенисерка играше одлично во текот на целиот турнир, на пат кон финалето ги елиминира Зелницкова, Лазаро Гарсија, Кјеза и Сонмез, а притоа загуби само еден сет.