Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос со победата од 3-2 во сетови над Феликс Огер-Алиасим.
Надал до победата дојде по четири часа и 20 минути борба, во сетови – 3: 6, 6: 3, 6: 2, 3: 6, 6: 3.
Негов ривал во четвртфиналето ќе биде Новак Ѓоковиќ со кој досега одигра 58 натпревари и губи со 30-28.
Тоа ќе биде реприза на минатогодишното полуфинале, во кое подобар беше српскиот тенисер (3-1), кој до нова пресметка со Надал стигна со триумф над Диего Шварцман во три сета.
Oгер-Алиасим го заврши учеството на овогодинешниот Ролан Гарос, каде резултатот од кариерата го постигна со пласманот во осминафиналето.
Надал во првиот сет го чинеше тоа дека никако не можеше да ја искористи брејк топката.
Огер-Алиасим беше одличен кога беше најпотребно, па тоа доведе до тоа Шпанецот да има 0/6 во брејк можностите.
Ова му даде самодоверба на Канаѓанецот да игра уште подобро и набрзо дојде до не еден, туку два брејка предност.
Рафа успеа да врати еден брејк – кога Феликс направи двојна сервис грешка – но не и другиот.
https://twitter.com/TennisTV/status/1530929627899826177?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1530929627899826177%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Frolandgarros2022%2Fvesti.php%3Fnav_id%3D2162796
Во вториот сет Рафа одигра исто како и во првиот, но благ пад се почувствува во играта на 21-годишниот Канаѓанец .
Во третиот гем не искористи ниту една од двете брејк топки и Рафа од тој момент почна многу подобро да сервира.
Шпанецот доби можност во осмиот гем, кога не искористи две врзани брејк топки, но не се предаде.
Сепак, направи брејк, па го сврте натпреварот и израмни на 1-1.
https://twitter.com/livetennis/status/1530941455333728259?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1530941455333728259%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Frolandgarros2022%2Fvesti.php%3Fnav_id%3D2162796
Вториот сет беше поттик за тринаесеткратниот шампион во Париз, кој почувствува дека Оже-Алиасим веќе нема толкава енергија и го искористи тоа.
Надал доминираше во третиот сет во секој поглед и на крајот го доби со два направени брејка.
Канаѓанецот правеше многу грешки и играта не ветуваше многу за него… Надал поведе со 2-1.
https://twitter.com/eurosport/status/1530952749763919873?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1530952749763919873%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Frolandgarros2022%2Fvesti.php%3Fnav_id%3D2162796
Иако ништо не навестуваше на тоа, на почетокот на четвртиот сет видовме самоуништување на Рафаел Надал.
Прво не искористи 0:30 на сервис на противникот, а потоа го загуби својот сервис со 40:0.
Тој го врати брејкот за 2:1, но потоа повторно го загуби сервисот – најмногу благодарение на неговите грешки, кои беа многу.
Феликс ја задржа брејк предноста и го воведе мечот во петтиот сет.
https://twitter.com/rolandgarros/status/1530968166532259842?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1530968166532259842%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Frolandgarros2022%2Fvesti.php%3Fnav_id%3D2162796
Енергијата беше слична и кај двајцата по влегувањето во сетот на одлука, а прв се закани Надал.
Дојде до брејк топката, но следеше неодбранлив сервис од другата страна на мрежата.
Тензијата беше на исклучително високо ниво и не можеше да се каже кој ќе победи, до осмиот гем.
Тогаш Рафа погоди неколку феноменални удари , Канаѓанецот со сервис ја спаси првата брејк топка во решавачкиот гем, но на втората Рафа покажа зошто е Рафа и дојде на брејк, а набргу потоа без проблем сервираше за победа.
https://twitter.com/rolandgarros/status/1530982632980348930?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1530982632980348930%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Frolandgarros2022%2Fvesti.php%3Fnav_id%3D2162796