Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ, со лесна и убедлива победа го почна настапот на Австралија опен, откако без проблеми го преслуша Шпанецот Роберто Карбаљес Баена со 3-0 во сетови.
Србинот првите два сета ги доби рутински со по еден брејк (6-3, 6-4), за да финишира маестрално добивајќи го последниот сет без загубен гем (6-0).
Негов следен противник ќе биде победникот од дуелот помеѓу Французинот Куаку и Боливиецот Делиен.