Ѓоковиќ доживеа еден од најтешките порази во својата блескава кариера откако загуби од 123. тенисер на светот, Лука Нарди и го заврши настапот на Индијан Велс.
Длабоко сме влезени во третиот месец од новата сезона, а Ѓоковиќ уште чека на првиот трофеј годинава. Вели дека не е навикнат на тоа.
„Му честитам на Нарди, особено беше одличен во третиот сет. Не знаев многу за него, но го гледав како игра и знаев дека поседува голем квалитет на основната линија, поготово на форхенд. Добро се движеше, многу е талентиран. На турнирот влезе како среќен губитник и немаше што да изгуби, па одигра фантастично и заслужено победи. Јас сум изненаден од нивото на мојата игра која беше навистина лоша“, рече Ѓоковиќ по мечот.
„ Оваа година уште немам трофеј. Тоа е нешто на кое не сум навикнат“.
Многумина се прашуваат дали Ѓоковиќ ќе игра во Мајами, каде што е пријавен и турнирот треба да почне од 20. март.
„Засега останува да учествувам. Но, ајде да видиме. Пред десет минути бев на терен, главата уште ми е жешка. Мора да земам ден-два, па тогаш ќе видам што ќе направам следно.